• Почетна
  • Наши услуги
    • E-commerce
    • Facebook
    • Обуки
      • E-Commerce+
      • Facebook обуки
      • Google обуки
    • Facebook Аd Calculator
  • Наши клиенти
  • Совети
  • Најави се
  • Wi-Fi Маркетинг
    • WiFi Mаркетинг
    • Wifi маркетинг- како работи?
    • Ваш WiFi демо
  • English

Box Media

We deliver value | knowlege | results

Како да постирате на Instagram од компјутер.

21 Јан 2018 од BOX MEDIA

Instagram е социјална мрежа која по купување од страна на Facebook стана уште повеќе популарна. Како социјална мрежа е фокусирана на споделување на слики и видеа од корисниците и затоа опцијата за споделување на слики и видеа ја има на мобилните апликации на телефоните и таблетите но не и на интернет пребарувачите на компјутерите.
Голем дел од корисниците на Instagram ги симнуваат сликите на компјутер за да ги уредат и потоа ги аплоудираат на мобилен уред за да ги постираат.
Овој мал трик ќе ви овозможи да постирате директно од комјутер.

Ние го користиме интернет пребарувачот Google Chrome но може да користите и друг пребарувач на сличен начин.
Се што треба да направите е на почеток со десен клик во Google Chrome да ја изберете опцијата Inspect (или кликнете Ctrl+Shift+I) и на десната страна ќе ви се појави конзолата на Google Chrome.
Над страната која ја прегледувате ќе имате опција да изберете кој мобилен уред сакате Chrome да го симулира за да видите како ќе изгледа страната на мобилен уред. Изберете ја опцијата која вам ви одговара Iphone за IOS или Galaxy за Android.
По избирање на мобилниот уред, логирајте се на Instagram во истиот прозор и ќе ја имате опцијата за постирање директно од Chrome со кликнување на плусот во долниот дел исто како и на мобилен уред. Со кликнување на плусот во долниот дел прво ќе мора да изберете слика или видео кое ви е зачувано на компјутерот и кое сакате да го постирате. Ќе имате и опција да ја уредите сликата или да додадете ефекти ако сакате.

Зачувано во:Совети

ЗА НАС

Box Media е агенција за социјален маркетинг, web развој, обуки и консалтинг. Наша визија е да им помогнеме на компаниите и да допринесеме за развој  и обучување на ентузијасти и професионалци за социјален маркетинг. Сакаме да дадеме и дополнителна вредност за сите преку бесплатни обуки и совети кој можете да ги најдете тука.

Информации

  • Политика на приватност
  • Заштита на податоци
  • Совети
  • WiFi Mаркетинг

Барај на нашата страна

КОНТАКТ СО НАС

  • Email
  • Facebook
  • Phone

Copyright © 2023 · Box.MK