Креирање и водење на реклами на социјални мрежи е напорна работа бидејќи платформите и правилата се менуваат често и голем број на клиенти се среќаваат со ситуација кога не им се одобруваат рекламите или која нивниот акаунт се брише поради лошо изработени реклами.
Ние знаеме дека за бизнисите кои немаат Social Media менаџер е скоро невозможно да ги пратат сите промени и правила кои постојано се менуваат и затоа покрај обуките за нив ги нудиме следниве услуги:
- Креирање и водење на кампањи на Facebook и Google .
- Изработка на Facebook Messenger Bot - начин за непосредна и автоматска комуникација со клиентите.
- Консалтинг за социјален маркетинг - Примена, придобивки и најдобри практики.
Доколку не сте уверени во придобивките на рекламирање на социјални мрежи, тогаш видете ја статистиката на кампањи кои ги работевме за еден наш клиент во Македонија кој има онлајн продавница а резултатите се направени во Македонија:
Од статистиките може да се види дека успеавме да направиме успешни кампањи во континуитет за клиентот и да допринесеме да се зголеми продажбата. Она што е поважно за нас е дека клиентот имаше голем ROI (поврат на инвестираните средства), нови купци како и зголемена интеракција со нови потенцијални купци во периодот на кампањите.
Доколку сте заинтересирани за соработка со нас, ќе ве замолиме да не контактирате на нашиот контакт телефон или e-mail.